• недела, 24 ноември 2024

Диниз: Ми се оствари сонот да бидам селектор на Бразил

Диниз: Ми се оствари сонот да бидам селектор на Бразил

Бразилија, 5 јули 2023 (МИА) - Новиот селектор на Бразил, Фернандо Диниз ги искажа своите впечатоци по неговото назначување. Тој ќе продолжи да го предводи клубот Флуминенсе, каде е тренер од 2022 година.

 

- Сон за сите, голема гордост е да можеш да работиш во репрезентацијата. Ова е чест, а уште повеќе ме радува начинот на кој се случи. Резултат е на заеднички напор меѓу фудбалската конфедерација и Флуминенсе и убеден сум дека имаме се за да продолжиме напред и се да функционира како што треба, изјави Диниз за „АС“.

 

Со бразилскиот стручњак е потпишан едногодишен договор кој стапува на сила од септемвриските натпревари на квалификацискиот турнир за Светското првенство во 2026 година.

 

Едналдо Родригез, претседателот на Бразилската фудбалска конфедерација, по назначувањето на Диниз на селекторската функција, изрази надеж дека Карло Анчелоти ќе биде нивни предводник на Копа Америка во 2024 година. зс/

 

Фото: ЕПА

Остани поврзан