• среда, 25 декември 2024

Динамо останува без тренер, потврдена затворската казна за Мамиќ

Динамо останува без тренер, потврдена затворската казна за Мамиќ
Загреб, 15 март 2021 (МИА) – Тренерот на загрепски Динамо, Зоран Мамиќ, мора да отслужи затворска казна во траење од четири години и осум месеци, одлучи Врховниот суд во Загреб на три дена пред реванш осминафиналниот натпревар што хрватскиот првак треба да го игра против Тотенхем во Лига Европа. Највисоката судска инстанца во Хрватска денеска ја потврди одлуката на Жупанискиот суд во Осиек со која поранешниот прв човек на Динамо, Здравко Мамиќ е осуден на 6.5 години затвор поради финансиски малверзации, додека неговиот помлад брат и актуелен тренер и спортски директор на клубот Зоран Мамиќ доби тримесечно намалување на затворската казна. Уште две други лица се осудени на вкупна затворска казна од шест години и два месеци, меѓу кои и поранешниот директор на Динамо, Дамир Врбановиќ. Согласно хрватскиот Закон за спорт, екипата на Динамо сега мора да го раскине договорот со Мамиќ во рок од осум денови, бидејќи е правосилно осуден на затворска казна подолга од шест месеци.ег/сд/

Остани поврзан