Димовска - Хансен: Продлабочување на соработката на службениците од полза за двете собранија
Скопје, 2 февруари 2026 (МИА) - На маргините на состанокот на генерални секретари на парламенти на ЕУ, генералната секретарка на Собранието, Марина Димовска оствари средба со генералната секретарка на Данскиот парламент, Мари Хансен.
На средбата, како што информира собраниската прес-служба, Димовска ја претстави Стратегијата за дигитална трансформација на Собранието 2026-2028. Димовска се осврна на активностите на собраниската служба, во насока на новоформираното одделение во Собранието за проценка на влијанието на регулативата и агендата за родова еднаквост.

Хансен констатира дека продлабочување на соработката на службениците е од полза на двете собранија. Во насока на евроинтеграциите, беше искажана поддршка за процесот и унапредување на вештините на службата во евроинтеграциите процеси. Хансен ѝ се заблагодари на Димовска за придонесот во денешната дебата.
Соговорничките се согласија дека меѓупарламентарната соработка, размената на искуства за актуелните предизвици е клучна и останува приоритет за двете страни. мч/са/
фото: Собрание на РСМ