• среда, 25 декември 2024

Димовска е светска шампионка во кик-бокс во јуниорска конкуренција

Димовска е светска шампионка во кик-бокс во јуниорска конкуренција

Будимпешта, 30 август 2024 (МИА) - Македонската кик-боксерка, Марија Димовска освои златен медал на Светското првенство за кадети и јуниори во Будимпешта, Унгарија.

Во големото финале нашата натпреварувачка со резултат 2:1 во лоу кик (млади јуниорки, – 60 кг.) триумфираше против Мија Лијамичев од Израел.

Претходно во полуфиналето Димовска славеше и против Јелена Стојановиќ од Босна и Херцеговина со 3:0.

На ова Светско првенство учествуваат 2256 спортисти со над 3092 натпреварувачки влезови од 68 држави. дс

Фото: Фејсбук

Остани поврзан