• среда, 25 декември 2024

Димитров: НАТО значи безбедност, сигурни граници и инвестиции односно подобар животен стандард

Димитров: НАТО значи безбедност, сигурни граници и инвестиции односно подобар животен стандард
Скопје, 14 март 2020 (МИА) - Во вечерното интервју, Никола Димитров, носителот на листата на коалицијата „Можеме“ во првата изборна единица, зборуваше и за успехот на државата со членството во НАТО. Според него се презела голема одговорност за идните генерации, а Северна Македонија станува безбедна и сигурна за живеење.
-Шпанскиот сенат одлучи дигитално да гласа за ратификацијта на Протоколот за влез на нашата држава во НАТО. Јас тоа го поздравувам, исто како и мојата колешка од Шпанија, но и целиот Сенат. Ние имавме полнолество, 18 циклуси на подготовки, од 2008 година голема пречка беше спорот со Грција, и требаше да се преземе одоговорност и да се мисли на идните генерации, да се инвестира лидерство и политички капитал, на начин што ги заштитува и ги промовира нештата, како македонски народ, јазик, култура и да се отклучат вратите кон иднината. Тоа беше Преспанскиот договор заедно со реформите во Армијата. Пред влез сме во НАТО и нашата безбедност ќе ја гарантираат и другите 29 држави членки, тоа носи инвестиции, го отвора пазарот, во регион во кој не се затворени многу прашања, но темелот и покривот на нашиот дом ни се обезбедени. Многу брзо Северна Македонија ќе биде 30-та членка на Алијансата,
изјави Димитров
Тоа, додаде Димитров носи сигурност, стабилност, предвиливост, сигурни граници но дава сигнал до инвеститорите и затоа носи и повеќе инвестиции, односно подобар животен стандард. дма/
 

Остани поврзан