• сабота, 23 ноември 2024

Димитров: Благодетите од НАТО и ЕУ граѓаните ги гледаат и во борбата против коронавирусот

Димитров: Благодетите од НАТО и ЕУ граѓаните ги гледаат и во борбата против коронавирусот
Скопје, 31 март 2020 (МИА) - Благодетите од НАТО членството и од почетокот на пристапните преговори со ЕУ граѓаните ги гледаат и во борбата против корона вирусот. Се гледа од каде ни доаѓа прва помошта. ЕУ има еден пакет од 410 милиони евра за целиот регион, од кои нешто под 70 милиони за нашата земја, изјави вечерва министерот за надворешни работи Никола Димитров. Тој оосочи дека членството во НАТО е потврда на нашата државност и безбедна иднина, а тоа штом ја пребродиме оваа криза ќе донесе повеќе странски инвестиции, што ќе го подигне животниот стандард на граѓаните. - Со почетокот на преговорите со ЕУ ќе добиеме пристап до Фондот за солидарност на ЕУ и од тука ќе се видат бенефициите. Ќе има повеќе од ИПА поддршката, ќе бидеме под поголема лупа за тоа како ни функционира правната држава, како ни функционира слободата на медиумите и функционалноста на нашата демократија. Ние се ставивме на шини и конечно направивме чекор од чекалната каде што бевме затворени со децении, изјави Димиртов во гостувањето на Алсат М телевизија. Голема работа за нас, нагласи тој, е тоа што во едни вакви вонредни услови и НАТО и ЕУ најдоа време, енергија и сила да ги донесат овие одлуки. - Од една страна практично во два дена, ние имавме два големи историски успеси за цели што ги работиме од нашата независност. Станавме НАТО членка на 27 март, вчера сите видовме како беше подигнато македонското знаме во седиштето во Брисел. Ден претходно лидерите на ЕУ ја потврдија политичката одлука на министрите на земјите членки, конечно да почнеме пристапни преговори веднаш по изготвувањето на преговарачката рамка, изјави Димитров. Тој нагласи дека сите што со децении се вклучени во овој процес, одвај да имале можност да се израдуваат, зошто имале многу поважна работа, а тоа е битката со коронавирусот. - Мислам дека штом ја пребродиме оваа битка, поубаво ќе ги осетиме благодетите од НАТО членството од почетокот на пристапните преговори со ЕУ, изјави Димитров. аа/сп/

Остани поврзан