• сабота, 23 ноември 2024

Димитров ќе се врати во топ 10 за прв пат по 2018 година

Димитров ќе се врати во топ 10 за прв пат по 2018 година

Мајами, 30 март 2024 (МИА) - Бугарскиот тенисер Григор Димитров ќе се искачи во првите 10 на светската ранг-листа на АТП по пласманот во финалето на турнирот во Мајами.

Во полуфиналето на Мастерсот во Мајами, САД, 32-годишниот Бугарин ноќеска го победи Германецот Александар Зверев во три сета - 6:4, 6:7 (4:7), 6:4.

Димитров ќе се врати во топ 10 тенисери на светот за прв пат од 2018 година.

Во финалето на турнирот во Мајами, Димитров ќе игра против Италијанецот Јаник Синер, кој во полуфиналето го победи актуелниот шампион на турнирот Данил Медведев од Русија.

Финалето е закажано за утре од 18:30 часот по македонско време. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан