• среда, 27 ноември 2024

Димитров: Членството во НАТО носи предвидливост, странски инвестиции и кредитен рејтинг

Димитров: Членството во НАТО носи предвидливост, странски инвестиции и кредитен рејтинг
Скопје, 26 јуни 2020 (МИА) - Носителот на листата на ИЕ1 од СДСМ и коалицијата „Можеме“ Никола Димитров, кој на вечерашната граѓанска трибина во општината Аеродром, зборуваше заедно со ко-носителката Мила Царовска и новинарот Томислав Кежаровски, се осврна на историските постигнувања што беа направени од владата на СДСМ за помалку од три години, а тоа, како што рече, е реализирањето на двете долгогодишни стратешки цели.
- Три децении слушаме НАТО и ЕУ. Доста чекавме, 27 години поминаа. Кога ние ја преземавме оваа должност, ова беше речиси неопипливо. Не се ни гледаше, не се ни ѕиркаше. За две и пол години па и помалку, направивме неверојатен пресврт и ние сме сега дел од најмоќната  одбранбена Алијанса на светот, што носи предвидливост, стабилност, да не се прашуваме што ќе биде со нас и нашите граници - НАТО. Таа предвидливост носи големите компании и странски инвестиции и ни го подобрува и кредитниот рејтинг, рече Димитров.
Формалното зачленување во НАТО се случи на 27 март годинава, истакна Димитров, не можевме вистински да се израдуваме на тој ден, ама години и децении тоа ќе го чувствуваме: стабилност, на некој начин темелот, столбовите и покривот на нашата заедничка куќа го изградивме и е многу цврст.
- Не се фасади од стиропор што се рони, како оној на опозицијата. ЕУ – извештаи, земја кандидат од 2005 год. Сите ветуваа, но на 26 март 2020 год. сите земји членки на ЕУ едногласно и безусловно одлучија дека треба да почнеме пристапни преговори со ЕУ. Не само што покажавме дека можеме, туку направиме чудо со остварувањето на двете најважни стратешки цели, зашто беше незамисливо, посочи Димитров.
Тој вели дека во СДСМ и целата коалиција ја гледа единствената надеж оваа држава да оди напред.
- Направивме големи чекори напред, мора ова да го зацврстиме и мора конечно Европа да си ја донесеме дома. И тоа покажавме дека можеме и тоа ќе го направиме. Ние бараме нов мандат за да покажеме дека ќе не’ биде. Дека македонскиот народ и деловите од сите други наши сограѓани, албанскиот народ, српскиот, турскиот, бошњачкиот, ромскиот, влашкиот. Ние не сме ништо подолу од било кој друг народ околу нас, во Европа или во светот. Димитров ега во овие следни 4 години е нашата златна шанса. - Конечно да направиме сериозен исчекор да нема веќе враќање. Да ја ставиме нацијата на шини, да нема да може ни лево ни десно ни назад. За да на следната генерација да им дадеме старт каков што заслужуваат, рече Димитров.фф/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан