• сабота, 09 ноември 2024

Димитров телефонски разговараше со француската државна секретарка Де Моншален

Димитров телефонски разговараше со француската државна секретарка Де Моншален
Скопје, 28 мај 2020 (МИА) - Министерот за надворешни работи Никола Димитров денеска телефонски разговараше со државната секретарка задолжена за европски прашања во Министерството за Европа на Франција, Амели де Моншален. - Беше изразено задоволство од доброто ниво на билатералните односи и соработка. Димитров ја поздрави лидерската улога на Франција за заживување на европската агенда на Северна Македонија и заеднички ги разгледаа претстојните чекори на овој план, соопшти МНР. Димитров и Моншалан разговарале и за актуелни прашања од регионален интерес.са/

Остани поврзан