• среда, 27 ноември 2024

Димитров: Добра реформска кондиција е аргумент плус за да ги почнеме пристапните преговори

Димитров: Добра реформска кондиција е аргумент плус за да ги почнеме пристапните преговори
Скопје, 9 март 2021 (МИА) - Агендата „Европа дома“ асоцира на европските стандарди и европскиот начин на живот да го донесеме дома, за да не се селиме во европските држави во потрага по подобри услови. Дури и пристапниот процес е алатка. Имаме јасна агенда и тешко е да се сработи ако се нема план, изјави вечерва вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров. - Ако успееме да го завршиме овој план кој што е годишен и се однесува на оваа година заклучно со декември, тогаш јас сум убеден дека ќе имаме одличен извештај од ЕК и што е поважно дел од овие реформски напори ќе ги почувствуваат во важни области и граѓаните во своето секојдневие. Ние вложуваме напори да најдеме начин да ги поченеме пристапните прговори и Бугарија да влезе во консензусот кој постои меѓу останатите земји членки, ама паралелно не смее да се застане со работа за да имаме добра реформска кондиција. Меѓу другото, оваа работа ќе ни биде аргумент плус дури и во тој однос и ќе стане речиси невозможно да се блокира една земја која што си ја турка работата, вели Димитров во гостувањето на ТВ 24. По однос на разликите со Бугарија, Димитров, рече дека таа е блиску до парламентарни избори и не би било рационално да се очекуваат сега некакви интензивни преговори. Вистинскиот обид, додаде, ќе дојде по изборите кога ќе се формира влада и ќе почне фазата на поинтензивни разговори. - Ова статус кво не одговара на македонските интереси бидејќи не држи надвор од пристапниот процес, и не одговара ниту на добрососедството, ниту на долгорочните интереси на Бугарија да ни биде пријател. Со ова статус кво се трујат односите, особено со блокадата и изјавите не се нешто со кое сегашната генерација на луѓе кои одлучуваат ќе бидат горди ако ова остане, рече Димитров. Никој во светот, вели тој, не прашуваат кои сме ние, оти тоа е право на самоопределба, а и прашањето на македонскиот јазик е прашање за нас. Со Преспанскиот договор, вели, ние го затворивме процесот во ОН и нема правна основа сега некој да отвора теми за нашето име и јазик. Запрашан каде се скрши довербата на релација со Софија, Димитров посочи на разликите во очекувања, но и дека дел од обвинувањата од бугарска страна реално не се основани. - Сите знаевме дека ова нема да оди лесно и живееме во регион што е прилично закопан во рововите на историјата. И по Дејтонскиот договор, овие неколку години ние сме тие кои успеваат да решат големи и тешки прашања. Така што не е дека ова беше изненадување, но имаше еден вид надеж дека некако ќе најдеме разум...Искрено, не можеме да преземеме одговорност за некој друг. Ние можеме да преземеме одговорност за наши дела и за неделување а требало да делуваме, но не може да се најде. И тоа укажува и на ситуација во која земјите членки немаат баш разбирање за овој проблем, рече Димитров. Запрашан за неуспешното бегство на поранешниот шеф на УБК Сашо Мијалков кое одекна во јавноста, рече дека тоа било потрес за земјата и вели, покажа за малку по втор пат дека во системот нешто не функционира со големите симболи на нашата мака. - Ние имаме систем на поделба на власт. Судската власт е една од трите покрај Владата и претседателот како извршна и законодавната во Собранието. Ако Владата многу влезе во судската власт пак ќе ризикуваме на некој начин да дојдеме до епитетот на заробена држава бидејќи ќе има злоупотреби. И ЕУ тоа не го дозволува. Има законска рамка и тука се работи за спроведување на актуелните закони, рече Димитров.

Посочи дека недостасуваат луѓе во правосудните органи, има застарена опрема и оти Владата тука може да помогнеме, но одговорноста теба да си ја превземе правосудството.

- Нас ни требаат шампиони на интегритетот, да блесант имиња во судството, Јавното обвинителство кои ќе ја работат својата работа. Тоа ни треба. Нема волшебна формула за реформите во однос на правосудството, вели вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров. вг/дма/

.  

Тагови

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан