• среда, 27 ноември 2024

Димитриеска Кочоска: ВМРО-ДПМНЕ предлагаше мерки со кои што немаше да стигнеме кај што стигнавме денес

Димитриеска Кочоска: ВМРО-ДПМНЕ предлагаше мерки со кои што немаше да стигнеме кај што стигнавме денес

Скопје, 2 март 2023

Не сме ние против ниските цени на лебот, вели Гордана Димитриеска Кочоска, потпретседателка на ВМРО-ДПМНЕ во централниот дневник на ТВ Сител во Тема на денот, одговарајќи на обвинувањата од страна на СДСМ, и додава дека ако се погледне од пред една година ВМРО-ДПМНЕ нудела одредени мерки за да не се дојде до повисоки цени не само на лебот, туку и на останатите прехранбени производи.

Мораме да се вратиме барем една година наназад и да се потсетиме што ВМРО-ДПМНЕ во тој период зборуваше, односно би кажала дека во економијата постои едно временско задоцнување или ако пред една година зборуваме дека треба да се направат одредени корекции на одредени параметри, зголемување на стоковите резерви, давање на брашно на производителите, намалување на цените на нафтените деривати преку акциза и еден куп мерки. Сите тие беа во една насока да не стигнеме до она кое што го чувствуваме денес, а тоа се повисоките цени, не само на лебот, тука и на другите прехранбени производи, изјави таа.

Димитриеска Кочоска потенцираше дека владата носи одлуки во стилот купи ден помини, и доколку ги прифатеше мерките на ВМРО-ДПМНЕ немаше да стигне до ова кое што е денес.

Проблемот на власта е во тоа што носи одлуки купи ден помини, а суштината на еден успешен менаџер, економист е да може да ги погледне во иднина работите и да ги предвиди. И оттаму ќе кажам ВМРО-ДПМНЕ предлагаше мерки со кои што немаше да стигнеме кај што стигнавме денес, но за жал СДСМ со политиките кои ги носи е единствен виновник за ова што се случува денес, рече Димитриеска Кочоска.

Димитриеска Кочоска изјави дека треба да се испита дали навистина Артан Груби потпишал да се уништи одредена количина на меркантилна пченица и да се поведе одговорност.

Вие новинарите испитајте дали навистина Артан Груби потпишал дека имаме одредена количина на меркантилна пченица која што била со лош квалитет. Зошто не се поведе одговорност да се праша зошто се случило тоа, истакна Димитриеска Кочоска.


Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

___________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Фото: ВМРО-ДПМНЕ

Остани поврзан