• вторник, 24 декември 2024

Димитриеска-Кочоска: Препознаени напорите на Владата за фискална консолидација, изразена поддршка добиваме од ММФ и СБ

Димитриеска-Кочоска: Препознаени напорите на Владата за фискална консолидација, изразена поддршка добиваме од ММФ и СБ

Скопје, 25 октомври 2024 (МИА) - Напорите за фискална консолидација на новата Влада се препознаени од меѓународните финансиски институции и за тоа даваат поддршка, истакнала министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во Вашингтон по средбите со високи претставници на Меѓународниот монетарен фонд и Светската банка.

- На состаноците истакнавме дека фискална консолидација не можеме да направиме преку ноќ и дека за тоа е потреба време. Најважно е дека покажуваме желба  којашто може да се види од Фискаланата стратегија којашто е усогласена и предвидува намалување на буџетскиот дефицит на 4 проценти  за 2025 година. Тоа е она што е најважно, нагласила министерката во изјава за ТВ Алфа, соопштија од Министерството за финансии.

Таа потенцирала дека особено радува фактот што на состаноците е забележано оти и таа како министер за финансии и новата Влада максимално вложуваат напори да ги подобрат резултатите на државата, како и тоа дека максималните напори што ги вложуваат се препознаени од страна на претставниците на меѓународните финансиски институции.

Димитриеска-Кочоска изразила уверување дека престои одлична соработка во наредниот период и вложување напори во водење политика со постепена фискална консолидиција, внимателно трошење на буџетските средства и истовремено преземање мерки за борба со сивата економија.

Министерката за финансии во Вашингтон, стои во соопштението, учествува на Годишните средби на ММФ и СБ, каде што имала и состаноци со високи претставници на овие меѓународни финансиски институции. цр/лв/

Фото: МИА архива 

Остани поврзан