• четврток, 26 декември 2024

Димитриевски: Ќе го поддржиме Гаши за претседател на Собранието, се уште немаме договорено кадровски решенија за влада

Димитриевски: Ќе го поддржиме Гаши за претседател на Собранието,  се уште немаме договорено кадровски решенија за влада

Скопје, 28 мај 2024 (МИА) - Претседателот на ЗНАМ - За Наша Македонија, Максим Димитриевски и градоначалник на Куманово, пред почетокот на денешната конститутивна седница на Парламентот, изјави дека петмината пратеници од неговата партија ќе гласаат за Африм Гаши, доколку тој биде предложен за претседател на Собранието. 

Димитриевски му посака успех на новиот собраниски состав.

- ЗНАМ очекува од овој парламентарен состав многу. Верувам дека како потенцијален партнер во идната власт ќе дадеме свој придонес со нашето политичко делување бидејќи веќе сериозно разговараме за имплементација на дел од нашите програмски определби во идната владина програма и владин состав, рече Димитриевски.

Одговарајќи на новинарско прашање во врска со разговорите за новата влада, Димитриевски рече дека сѐ уште немаат договорено никакви кадровски решенија.

- За нас во втор план се поделбата на власта и министерските позиции, на прав план е сето она што го ветивме во предизборниот период, рече Димитриевски. ев/бак/

ФОТО: МИА архива 

Остани поврзан