• вторник, 24 декември 2024

Димитриевски: Потврдивме минимум пратеничка група, ќе бидеме со граѓаните и ќе работиме за нив

Димитриевски: Потврдивме минимум пратеничка група, ќе бидеме со граѓаните и ќе работиме за нив

Скопје, 8 мај 2024 (МИА) - Движењето ЗНАМ - За наша Македонија вечерва испиша историја. Потврдивме минимум пратеничка група и некаде околу 60 илјади гласови. Ќе бидеме со граѓаните и ќе работиме за граѓаните, изјави вечерва претседателот на Движењето ЗНАМ Максим Димитриевски.

Тој им честита на граѓаните на државата кои, како што кажа, покажале „сенс“ за државата.

- Македонија избра претседател. Сакам да и честитам на професорката Гордана Силјановска Давкова, за големата победа и да и посакам успешен мандат, да ја води Македонија во правилна насока, да биде секогаш тука за граѓаните бидејќи нашата борба е и ќе биде за граѓаните. Да честитам и на ВМРО-ДПМНЕ за убедливата победа која ја освоија, рече Димитриевски.

Тој напомена оти верува дека овие избори ќе бидат дополнителна поука за сите останати политички субјекти кои гравитираат на политичката сцена.

- Гордо можам да потврдам дека ЗНАМ од вечерва ја започнува својата борба за достоинствена Македонија, подвлече Димитриевски. бт/бак/

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан