Димитриевски на средба со амбасадорот на Република Казахстан, Сатибалди Буршаков
- Кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски денеска остварил средба со амбасадорот на Казахстан Сатибалди Буршаков.
Куманово, 25 ноември 2024 (МИА) - Кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски денеска остварил средба со амбасадорот на Казахстан Сатибалди Буршаков.
Како што информираа денеска од Општината, на средбата акцент бил ставен на досегашната успешна соработка меѓу двете земји, а било разговарано и за унапредување на соработката во повеќе области од значење за граѓаните.
- Денеска остварив средба со амбасадорот на Република Казахстан во Македонија, Сатибалди Буршаков и почесниот конзул на Казахстан во Општина Куманово, Ејуп Абдулахи. Во пријателска атмосфера ја потенциравме досегашната успешна соработка меѓу двете земји, со можност за отворање на нови релации во повеќе области на општествениот систем, кои би биле од значење за граѓаните, информираше кумановскиот градоначалник Димитриевски. ам/мд/
Фото: Општина Куманово