• четврток, 26 декември 2024

Димитриевски ги повика кумановци масовно да излезат на избори и да го поддржат концептот „За наше Куманово“

Димитриевски ги повика кумановци масовно да излезат на избори и да го поддржат концептот „За наше Куманово“
Куманово, 15 октомври 2021 (МИА) - Кандидатот за градоначалник на Куманово од „За наше Куманово“ Максим Димитриевски на денешната прес-конференција ги повика граѓаните да му ја дадат поддршката за нов мандат и да гласаат за советничката листа на иницијативата, предводена од носителката Ивана Ѓорѓиевска, под реден број 80 и 61. - Куманово е наш град. Во недела одлучуваме за иднината на  градот. Дали во следните четири години Куманово ќе продолжи да се развива и шири, да се трансформира во модерен, урбан, чист град којшто нуди перспективи. Ве повикувам во недела на 17-ти, сите масовно да излезете за гласање на изборите, да ја дадете својата поддршка за концептот-За наше Куманово-повика Димитриевски. Тој кажа дека Куманово заслужува да продолжи да се развива и шири. - Куманово отсекогаш во својата историја претставувал предвесник на одредени промени. Ајде заедно, да продолжиме да го градиме наше Куманово, за мое, за твое, за наше Куманово. Сите заедно на 17-ти да покажеме дека Куманово, секогаш бил град на непокор и град кој предизвикувал сериозни промени на подобро во нашето општество-рече Димитриевски. ам/вг/

Остани поврзан