• сабота, 23 ноември 2024

Димитриевски:  Мораториум за висококатници во центарот на Тетово, градот ќе биде препознатлив по својот автентичен идентитет

Димитриевски:  Мораториум за висококатници во центарот на Тетово, градот ќе биде препознатлив по својот автентичен идентитет

Тетово, 3 октомври 2021 (МИА) - Тетово мора да биде град кој ќе биде препознатлив по својот автентичен идентитет, ова опфаќа донесување на мораториум за висококатници во централното градско подрачје и посебна грижа за стариот дел на Тетово, порача вечерва носителот на советничката листа на СДСМ и коалицијата Илија Димитриевски од централната граѓанска трибина на партијата.

Пред присутните, Димитриевски побара поддршка за советничката листа и за кандидатот за градоначалник Хамдија Елезовиќ.

-Општина Тетово во иднина ја гледам како развиена и модерна општина, во која секој граѓанин ќе може да добие почист воздух, почиста околина, повеќе зеленило, уредени улици и тротоари и поквалитетен живот. Изградба на објект за гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“ – Тетово, е на врвот на нашата агенда,  потоа тетовско шеталиште, со уреден јавен живот и зелени површини со подигање на парк со патеки и други содржини од населбата Деребој до Тетовското Бањиче, но и стимулирање на отварање на продавници, пекраници, занаетчиски дуќани, кафеани, кујунџии, вајари и други бизниси, чија дејност е типичен белег на Тетово, истакна кандидатот за градоначалник на општина Тетово на СДСМ и Коалицијата Хамдија Елезовиќ

Тој посочи дека е потребно да се покаже етничката, религиската, социјалната и политичката обединетост за Тетово.

ремногу време изгубивме, премногу шанси пропуштивме, премногу дозволивме да се играат со нашите животи. Нашата сегашност и нашата иднина, нашата среќа и нашата перспектива зависат само од нас. Ние можеме и мораме да ги промениме работите на подобро. Знаеме како. Сакаме да живееме овде и својата среќа да ја градиме тука, порача кандидатот за градоначалник на СДСМ и Коалицијата Хамдија Елезовиќ.

Претседателот на СДСМ Зоран Заев, вечерва во Тетово истакна дека СДСМ обезбеди сериозна помош за општините.

рво 50 милиони евра за раздолжување, а потоа, преку разни програми вложувања од 500 милиони евра во реализација на над 7.000 проекти, секој од нив важен за граѓаните. Меѓу тие над 7.000 проекти се и изградба на студентски дом за потребите на ДУТ во Тетово, реконструкција на регионалниот пат Тетово – Попова Шапка од 18,2 км, изградба на нов училишен објект за ОУ Наим Фрашери во Мала Речица, изградба на филтер станица на водоснабдителен систем во Тетово, изградба на дел од булевар Видое Смилевски Бато во Тетово, набавка на пет автобуси за јавен транспорт, изградба на патот Благоја Тоска, рекоснтрукција на СОУ „Кирил Пејчиновиќ“, наведе Заев.

Тој ги повика граѓаните на претстојните избори за го поддржат кандидатот на СДСМ и на Колаицијата за градоначалник на Тетово, Хамдија Елезовиќ, како и советничката листа предводена од Илија, бидејќи имаат визија и конкретна програма, со реални остварливи програми. ас/дма/

Остани поврзан