• четврток, 12 февруари 2026

Димитриева: Се работи континуирано со цел обезбедување безбедна и непречена проодност за сите граѓани

Димитриева: Се работи континуирано со цел обезбедување безбедна и непречена проодност за сите граѓани

Демир Капија, 21 јануари 2026 (МИА) - Заради снежните врнежи, надлежната служба на општината од раните утрински часови ја започна активноста за расчистење на улиците, информираше градоначалничката на Демир Капија, Наталија Димитриева. Таа истакна дека се работи континуирано со цел обезбедување безбедна и непречена проодност за сите граѓани.

- Наш приоритет е безбедноста и нормалното одвивање на сообраќајот. Апелирам до граѓаните и учесниците во сообраќајот за внимателно движење и разбирање, нагласи таа.

Притоа додаде дека службата ќе вложи максимални напори, во рамките на своите можности, најдобро што може, да одговори на задачите за расчистување во зимски услови. свд/

Фото: Фејсбук на градоначалничката Наталија Димитриева

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан