• четврток, 26 декември 2024

Димитар Абрашев сослушан во ОЈО Велес поради фејсбук-објава на велешкиот огранок на Левица за пратеникот Ненад Коциќ

Димитар Абрашев сослушан во ОЈО Велес поради фејсбук-објава на велешкиот огранок на Левица за пратеникот Ненад Коциќ
Велес, 19 октомври 2022 (МИА) - По пријава од Ненад Коциќ, пратеник од коалицијата на СДСМ од Велес, а во врска со гласањето во парламентот за францускиот предлог, претседател на велешкиот огранок на Левица Димитар Абрашев заради фејсбук-објава од 17 јули годинава, денеска беше повикан на распит во Основното јавно обвинителство во Велес. Станува збор за објава „за бугаризација“ насочена против пратеникот Ненад Коциќ, за што СВР Велес поднесе кривична пријава за ширење говор на омраза.
- Се однесува на објава од 17 јули каде ние по предавничкото гласање за францускиот предлог, го искажавме нашиот политички став кој е јасен, секој што работи против интересите на македонскиот народ е предавник, изјави Абрашев.
Според него, станува збор неточни обвинувања во пријавата против него.

- За поднесената пријава против мене за ставовите на партијата, против Ненад Коциќ поднесовме пријава до МВР за кривично дело ,,лажно пријавување", но нашата пријава беше отфрлена, што значи дека институциите се длабоко партизирани. Според нас обвинителство нема основ за поведување понатамошна постапка, рече Абрашев пред велешкото Основно јавно обвинителство.

Инаку, советникот на Левица Игор Смилев, за истото кривично дело е повикан на распит во ОЈО Велес на 1 ноември. ад/

Остани поврзан