• четврток, 26 декември 2024

Димевски оствари средба со претседателот на Меѓународната скијачка федерација

Димевски оствари средба со претседателот на Меѓународната скијачка федерација
Пекинг, 14 февруари 2022 (МИА) - Претседателот на Македонскиот олимписки комитет (МОК) Даниел Димевски одржа работна средба со претседателот на Меѓународната скијачка федерација (ФИС), Јохан Елиаш. - На овој состанок се разговараше за многу важни теми од значење за развојот на Скијачката федерација на Македонија (СФМ) и воопшто на скијањето. Претседателот на ФИС даде апсолутна поддршка на сите барања од страна на претседателот на МОК, Даниел Димевски кој воедно и го покани претседателот на ФИС да ја посети Македонија, МОК и СФМ. Претседателот на МОК, м-р Даниел Димевски, се сретна и со членот на ИОК, д-р Колинда Грабар-Китаровиќ, која е и претседател на ИОК Комисијата за идни домаќини на Олимписките игри, како и член на ИОК Комисиите за Односи со јавност и Социјален развој преку спортот, со која разговараше за нови проекти и активности во однос на долгорочниот развој на Олимпизмот и спортот во Македонија, информираа од МОК. Димевски е дел од македонската делегација на Зимските олимписки игри во Пекинг. зс/

Остани поврзан