• среда, 26 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Дилери лишени од слобода по пронајдена дрога во Гевгелија и Струмица

Дилери лишени од слобода по пронајдена дрога во Гевгелија и Струмица

Скопје, 1 март 2025 (МИА) - Од Министерството за внатрешни работи попладнево информираа дека се приведени дилери, откако била пронајдена дрога во Гевгелија и Струмица.

На 27 февруари, лишени од слобода биле Б.П., на возраст од 24 години од Валандово, како и Р.Ј. и З.П., на возраст од 24 и 34 години од Струмица. При претрес на домот во Струмица, каде престојувал Б.П., извршен со судска наредба, биле пронајдени кеси со бела прашкаста материја, кеса со марихуана и предмети со остатоци од бела прашкаста материја.

- Претходно, пред домот каде престојува Б.П., заедно со Р.Ј. и З.П. биле затекнати при купопродажба на дрога. При преглед кај Р.Ј. била пронајдена марихуана, а З.П. побегнал од местото, но, подоцна бил пронајден од страна на полициски службеници. Б.П., Р.Ј. и З.П. се задржани во полициската станица - Струмица, а за настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство - Струмица, појаснуваат од МВР.

Вчера пак, полициски службеници го лишиле од слобода Д.К., на возраст од 35 години од Струмица.

- При претрес на неговиот дом во Струмица, извршен со судска наредба, биле пронајдени полиетиленски пакувања и тегла со зелена растителна материја, семки и дигитална вага. Д.К. бил задржан во полициската станица - Струмица, а за настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство - Струмица, истакнуваат од МВР.

Во текот на вчерашниот ден, од слобода бил лишен и 27-годишниот Д.П. од Гевгелија.

- При претрес на неговиот дом во Гевгелија, извршен со судска наредба, биле пронајдени бела грутчеста материја, растителна материја, дигитална вага и дробилка. За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство - Гевгелија, додаваат од МВР.

По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни пријави. бд/бак/

Фото: МИА архива

Остани поврзан