• сабота, 23 ноември 2024

ДИК: Резултатите се сумираат и се објавуваат на веб апликацијата

ДИК: Резултатите се сумираат и се објавуваат на веб апликацијата
Скопје, 18 октомври 2021 (МИА) - Постапката за сумирање на резултатите трае и како што завршува избирачките одбори со собирање на резултатите тие се внесуваат на веб апликацијата. Досега имаме добиено резултати од 1.662 места за градоначалници, од вкупно 3.480 избирачки места, односно 47,76 проценти, информираше вечерва претседателот на Државната изборна комисија Александар Даштевски. За Совети на општини, посочи Даштевски, има пристигнато за 1.595 места, од 3.489 избирачки места, односно 45,83 проценти. За Градоначалник на Град Скопје има пристигнато резултати од 685 места, односно 17.66 проценти и за Совет на Град Скопје има 117 пристигнати резултати, вкупно избирачки места 685 и 17,8 проценти. - Сега во последен момент ми донесоа нов процент за градоначалник на Скопје. Тука во проценти имаме Петре Шилегов 35,26 проценти, Данела Арсовска 38,15 проценти, меѓутоа бројот на обработени податоци се уште е мал. За Совет на Град Скопје имаме недоволна обработеност, изјави Даштевски. До Државната изборна комисија во текот на денешниот ден пристигнале вкупно 286 приговори за заштита на избирачко право, од кои 217 се прифатени, 19 се одбиени, 34 неосновани, по изврешна проверка е констатирано дека лицата постојат во избирачкиот список, а 16 приговори се во процес на обработка. Гласањето е завршено во сите 11 избирачки места во кои беше продолжено, за толку колку што беше прекинот. Во последните избирачки места е завршено во 21:55 часот, односно два часа и 55 минути после 19 часот. Даштевски вели дека до ДИК постојано пристигнуваат нови податоци од гласањето. - Сега ќе ги чекаме записниците од општинските изборни комисии да дојдат и поради тоа ќе останеме да работиме. Првата можна прилика ќе закажеме нова прес-конференција на која ќе имаме повеќе конкретни резултати, изјави Даштевски.   Одговарајќи на новинарско прашање за излезноста, Даштевски, рече дека се уште нема конечен податок. -Кај нас одат резултатите врз основа на записниците, треба да се види во записникот колку е. Локални избори се, значи многу поголем број на гласачки ливчиња се споредуваат и нели имаме сега и графа за отпечатоци колку на страна тоа треба да се спореди. Претпоставувам веќе тоа е при крај, бидејќи прво избирачките одбори, па ги предаваат на ОИК така што веќе ќе треба да пристигнуваат побрзо резултатите, изјави Даштевски. фф/аа/

Остани поврзан