• среда, 18 декември 2024

Прегласување и разрешени избирачките одбори во избирачките места 1470/1, 1470, 1194, 1202, 1844, 1272 и 2101

Прегласување и разрешени избирачките одбори во избирачките места 1470/1, 1470, 1194, 1202, 1844, 1272 и 2101

Скопје, 18 мај 2024 (МИА) - Државната изборна комисија (ДИК) денеска, на 105. седница, едногласно го усвои предлогот да се повтори гласањето во Изборната единица (ИЕ) 5 на избирачките места 1470/1 и 1470 во Општина Долнени, 1194 и 1202 во Општина Крушево, 1844 во Општина Струга и 1272 во Општина Охрид, како и во ИЕ 6 на избирачкото место 2101 во Општина Желино. Гласањето ќе се одржи идната среда, на 22 мај 2024 година.

ДИК на седницата ги разреши и претседателите на избирачките одбори, членовите и нивните заменици во избирачките места 1470/1 и 1470 во Општина Долнени, 1194 и 1202 во Општина Крушево, 1844 во Општина Струга, 1272 во Општина Охрид и 2101 во Општина Желино.

Со оглед дека се кратки роковите за избор на нови избирачки одбори, за да биде регуларно прегласувањето, општинските изборни комисии (ОИК) ќе треба да ангажираат некои од веќе постојните избирачки одбори, или од најблиските избирачки места или некои други, и за тоа ќе треба да достават известување до ДИК.

Кампањата за повторното гласање ќе трае до понеделник, 20 мај, 00.00 часот. Притоа, ќе важат истите листи за болни и немоќни лица, ќе нема можност да се пријавуваат нови. 

Според ДИК, има можност за измени и предлози за овластени претставници на кандидати. Тоа важи и за членовите на избирачките одбори кои се предложени од политичките партии.

ДИК, претходно, во рамки на седницата, ги соопшти освоените мандати за пратеници во новиот парламентарен состав.

Членот на Комисијата, Борис Кондарко го искажа ставот на ДИК во врска со синоќешните одлуки на Управниот суд. ДИК, рече Кондарко, го потврди своето професинално однесување и работење, докажа дека независно од изборните резулти, целосно ги почитува и правилно ги применува сите законските процедури.

-Со одлуките на Управиот суд со кои целосно се потврдија решенијата на ДИК за поништување на гласањето, уште еднаш се докажа дека независно од изборните резултати, ДИК постапувала законски и врз основа на увид во целокупниот изборен материјал. И покрај сите непријатности кои се уште ги имаме, ДИК докажа дека независно од изборните резулти на кои не може да влијае и кои не зависат од неа, целосно ги почитува и правилно ги применува сите законските процедури и дејсвта во изборниот процес. На тој начин, го задржа интегритетот и продонесе за почитување на правото и правната сигурност како основа на демократијата и слика за угледот на државта. Пораката е дека и покрај дневната политика, институциите постапуваат само според законските надлежности и материјалните докази со кои располагаат, подвлече Кондарко. мч/сст/

фото: принт скрин

Остани поврзан