• среда, 27 ноември 2024

ДИК: Не сме надлежни за известувањето на медиумите за време на молкот

ДИК: Не сме надлежни за известувањето на медиумите за време на молкот

Скопје, 22 април 2024 (МИА) - Државната изборна комисија (ДИК) вечерва соопшти дека согласно Изборниот закон, не е надлежена за регулирање на известувањето на медиумите, и за тоа упатува кон Упатството од Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

-Согласно чл.69 а од Изборниот закон, изборната кампања започнува 20 дена пред денот на изборите и во првиот и вториот круг на гласање не смее да трае 24 часа пред денот на изборите и на денот на изборите. Ова прашање е регулирано во Роковниците за Претседателски и Парламентарни избори 2024 кои се донесени и јавно објавени на 14.02.2024 година, посочуваат од ДИК.

Во Роковникот за Претседателските избори, се отенцира, е наведено дека кампањата за претседателските избори започнува на 4 април и трае до 22 април до 24 часот. Во Роковникот за Парламентарните избори, ДИК утврдува дека кампањата за парламентарните избори започнува на 18 април и трае до 6 мај до 24 часот.

-Согласно горенаведеното, не постои никаков законски основ ниту надлежност или право на ДИК со подзаконски акт да ја прекинува, скратува или продолжува која било изборна кампања. Согласно сето ова, за време на молкот за претседателските избори, ДИК веќе има претходно објавено дека продолжува да тече кампањата за парламентарните избори, се посочува во соопштението од ДИК. 

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги апелира, во услови кога е прогласена вонредна ситуација поради коронавирусот, на сите медиуми - електронски, печатени и онлајн медиуми - д

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) потсети дека денеска завршува изборната кампања за првиот круг од Претседателските избори 2024 година, односно од полноќ започнува изборниот молк кој трае до 19 часот на 24 април. Оттаму потенцираа дека за време на молкот, на 23 и на 24 април (до 19 часот) запира медиумското покривање во вестите и во посебните-информативни емисии на учесниците во изборните кампањи и за Претседателските и за Парламентарните избори.

-Според Изборниот законик, за прекршување на изборниот молк се смета емитувањето: какви било информации, фотографии, аудио и аудиовизуелни материјали поврзани со или во кои учествуваат учесници во изборите, какви било облици на медиумско известување кои се отворено или прикриено во функција на нечија изборна кампања и можат да влијаат врз одлуката на избирачите, податоци со кои го откриваат идентитетот на политичките субјекти и/или на поединци вклучени во инциденти или други неправилности на денот на гласањето, како и изјави од кандидати во изборниот процес, од учесниците во изборна кампања, од претставници на политички партии и од носители на функции во органите на власта, се вели во денешното соопштение од АВМУ.

Во овој период е дозволено емитување бесплатно политичко претставување и платено политичко рекламирање на учесниците во изборната кампања за Парламентарните избори.

Воедно, во деновите на изборниот молк е дозволено емитување на едукативната рекламна кампања на Државната изборна комисија (ДИК) за Изборите 2024.

Агенцијата, нагласуваат оттаму, очекува сите радиодифузери, почнувајќи од ноќеска на полноќ, да ја прилагодат својата програма за изборниот молк. ев/са/

ФОТО: МИА Архива 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан