• четврток, 26 декември 2024

ДИК: Излезноста до 9 часот е 7,22 проценти, поголема во однос на 8 мај

ДИК: Излезноста до 9 часот е 7,22 проценти, поголема во однос на 8 мај

Скопје, 22 мај 2024 (МИА) - Излезноста на седумте избирачки места каде денеска се прегласува за парламентарните избори до 9 часот е 7,22 проценти, соопшти Државната изборна комисија. 

Оттаму информираат дека од вкупно запишаните 4.514 гласачи гласале 326 гласачи. Во споредба со гласањето на 8 мај, на ова прегласување се забележува зголемена излезеност за 4,07 проценти на овие избирачки места.

Најголема излезност има на избирачкото место во Крушево каде гласале 57 гласачи односно 12,15 проценти, а најмала е излезноста во Долнени  на избирачкото место 1470/1 каде до 9 часот гласале 14 гласачи односно 2,22 проценти. 

На избирачкото место 2101 во Желино гласале 101 гласач односно излезноста е 10,17 проценти, во избирачкото место 1202 во Крушево гласале 22 гласачи односно 7,38 проценти, на избирачкото место 1272 во Охрид гласале 54 гласачи односно 7,59 проценти, а на второто избирачко место во Долнени со број 1470 гласале 22 гласачи или 3,34 проценти. Во Струга на избирачкото место 1844 излезноста е 7,44 проценти односно гласале 56 гласачи. 

Избирачките места, како што информираше ДИК, се отворени во 7 часот наутро. бак/

Фото: МИА архива  

 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан