• вторник, 24 декември 2024

ДИК: Завршија парламентарните избори, Азизи нов пратеник на местото на Касами

ДИК: Завршија парламентарните избори, Азизи нов пратеник на местото на Касами

Скопје, 30 мај 2024 (МИА) - Државната изборна комисија (ДИК) денеска донесе заклучок за завршување на парламентарните избори. На седницата беа прогласени за конечни резултатите од изборите во Шестата Изборна единица откако Управниот суд ноќеска ја отфрли тужбата на Европскиот фронт за прегласување на едно избирачко место во село Ларце, Желино. 

Претседателот на ДИК Александар Даштевски соопшти дека во оваа изборна единица Коалицијата Европски фронт има осум мандати, Влен исто така 8, Коалицијата Твоја Македонија предводена од ВМРО-ДПМНЕ три, и Коалицијата за Европска иднина еден. 

На седницата беше соопштено дека Аднан Азизи од Влен ќе биде пратеник на местото на тетовскиот градоначалник Билал Касами, чиј мандат не беше верификуван на Конститутивната седница откако тој го побара тоа. ев/аа/

Фото: МИА

Остани поврзан