• четврток, 26 декември 2024

ДИК: До 18:30 часот излезноста 46,34 проценти за претседателските избори, 53,32 проценти за парламентарните

ДИК: До 18:30 часот излезноста 46,34 проценти за претседателските избори, 53,32 проценти за парламентарните

Скопје, 8 мај 2024 (МИА) - Претседателот на Државната изборна комисија Александар Даштевски попладнево изјави дека има солидна излезност.  До 18:30 часот на претседателските избори излезноста е 46,34 отсто. На парламентарните избори излезноста е 53,32 отсто.

Врз основа на податоците од веб страната Државната изборна комисија (ДИК) на гласање излегле 767.715 гласачи.

Најголема излезеност за претседателските избори има во Новаци со 72,76  проценти, а најмала во Липково со 7,35 проценти.

Споредбено со вториот куг од претседателските избори во 2019 година, има зголемување на излезеноста од 1,84 проценти, соопшти ДИК.

- Има солидна излезност, солидна бројка. До 18:30 часот процентот е 46,34 проценти од 58 проценти обработени продатоци, изјави Даштевски за централниот дневник на „Сител“ телевизија. 

За парламентарните избори најголема излезност има во Кривогаштани 82,43 проценти, а најмала во Центар Жупа 18,62 проценти.

По изборни единици излезноста е следна: 

Во Првата изборна единица излезноста е 59,14 проценти, во Втората 48,61 процент, во Третата 57,87 проценти, во Четвртата 57,49 проценти, во Петтата 53,45 проценти и во Шестата изборна единица 37,36 проценти. 

Како што информираат од ДИК до нив доставени се вкупно 490 приговори за заштита на личното избирачко право.

- Од нив, 262 е овозможено да го остварат своето право на глас, 33 приговори се отфрлени како неуредни, а 88 приговори се одбиени. Останатите приговори се во обработка, велат од ДИК.

Се очекува ДИК да одржи прес-конференција во 19:30 часот. бак/ев/

Фото: МИА архива

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан