• вторник, 24 декември 2024

ДИК донесе изменување на Упатството за важечки и неважечки гласачки ливчиња

ДИК донесе изменување на Упатството за важечки и неважечки гласачки ливчиња
Скопје, 26 октомври 2021 На седницата на Државната изборна комисија беше донесен Заклучокот за дополнување на Заклучокот за известување за конечност на резултати од гласањето за избор на членови на совет на општините и совет на Град Скопје и градоначалници на општините и Градоначалник на Град Скопје, одржани на 17 октомври 2021 година за соодветните општини, со кој се потврди конечноста на резултатите од гласањето за избор на совети на општините и изборот на градоначалници во општините Кисела Вода и Пласница. Државната изборна комисија донесе Решение за повторување на гласањето на Избирачко место 0543, Дебар, за избор на членови на совет на Општина Дебар и избор на градоначалник на Општина Дебар и Решение за повторување на гласањето за избор на членови на совет на општина Шуто Оризари и совет на Град Скопје, на Избирачко место 2957/1 Шуто Оризари, откако претходно Управниот суд ги уважи тужбите на овластените подносители на приговорите кои Државната изборна комисија ги одби за овие избирачки места. Исто така, Државната изборна комисија донесе изменување на Упатството за важечки и неважечки гласачки ливчиња. Во врска со ова Комисијата дополнително извести и ги задолжи избирачките одбори задолжително да постапуваат според членот 109 став (2) и да ставаат печат на секое гласачко ливче, но доколку има ливчиња без ставен печат, за таквите да постапат согласно член 115, а во врска со член 110 од Изборниот законик и таквите ливчиња да бидат важечки доколку вољата на гласачот е јасно изразена. На седницата се одобрија барањата за добивање овластување за набљудувачи за Локалните избори 2021 поднесени од Здружението Млади европски федералисти, Американската амбасада Скопје и ОБСЕ – ОДИХР Канцеларијата за демократски институции и човекови права на изборите. Седницата дополнително ќе продолжи за што јавноста ќе биде известена. Донесените акти ќе бидат објавени на веб страницата на Државната изборна комисија. ДРЖАВНА ИЗБОРНА КОМИСИЈА __________________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки. Фото: МИА архива

Остани поврзан