• недела, 24 ноември 2024

ДИК: Граѓаните ќе можат да гласаат со документи чија важност истекла во изминатите девет месеци до денот на изборите

ДИК: Граѓаните ќе можат да гласаат со документи чија важност истекла во изминатите девет месеци до денот на изборите

Скопје, 14 март 2024 (МИА) – Согласно преодната одредба од измените на Изборниот законик која ќе се применува само за изборите оваа година, избирачите ќе може да гласаат со лична карта или со патна исправа чија што важност истекла во периодот од девет месеци до денот на одржување на изборите, информираа денеска од Државната изборна комисија.

Како што соопштуваат оттаму согласно измените на Изборниот законик, во Избирачкиот список се запишуваат сите граѓани со наполнети 18 години живот заклучно со денот на изборите, според актот за распишување на изборите, кои имаат живеалиште на територијата на Република Северна Македонија.

-Тоа конкретно значи дека на претседателските избори ќе може да гласаат граѓаните на кои по кој било основ, по сила на закон или по рок на важност им истекле личните документи од 24.07.2023 година доденот на изборите 24.04.2024 година и на парламентарните избори ќе може да гласаат граѓаните на кои по кој било основ, по сила на закон или по рок на важност им истекле личните документи од 08.08.2023 година до денот на изборите 08.05.2024 година, се наведува во соопштението.

Ова известување, како што посочуваат од ДИК, ќе биде составен дел на Упатството на Државната изборна комисија за начинот на утврдување на идентитетот на гласачите, според кое ДИК ќе ја врши и законската задолжителна обука на сите избирачки одбори. свс/ев/

Фото: МИА архива

Остани поврзан