• среда, 13 ноември 2024

ДИК го утврди редоследот на кандидатските листи за изборите

ДИК го утврди редоследот на кандидатските листи за изборите

Скопје, 12 април 2024 (МИА) - Државната изборна комисија (ДИК) попладнево, во рамки на 96. седница, со жребување го утврди редоследот на кандидатските листи за изборите. 

Број 1 е Коалицијата за европска иднина предводена од СДСМ, број 2 - Коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО- ДПМНЕ, број 3 - Коалицијата „Храбро за Македонија“ предводена од ГРОМ, број 4 - Коалицијата Европски форнт, број 5 - Левица, број 6 - Коалицијата „Вреди“, број 7 - Движењето ЗНАМ - За наша Македонија, број 8 - Единствена Македонија, број 9 - Нова алтернатива, број 10 - Аваја, број 11 - Европско граѓанско движење, број 12 - Македонска ера трета/Македонски независни листи, број 13 - Твоја партија, број 14 - Родина Македонија, број 15 - Десна, број 16 - Демократи и број 17 - Работничка партија.

По жрепката, како што соопшти претседателот на ДИК, Александар Даштевски, ќе се изготви записник и согласно член 69 став 2, утврдената листа ќе биде објавена во дневниот печат, најдоцна 23 дена пред денот определен за одржување на изборите. 

Во рамки на 96. седница, ДИК, по случаен избор, го назначи Иван Иванов, вработен во Град Скопје, за претседател на Избирачкиот одбор 50:50, а за заменик претседател Џавит Селами, вработен во Министерството за економија. мч/ев/

фото: принт скрин 

Остани поврзан