• сабота, 23 ноември 2024

ДИК: Арсовска - 38,59 проценти, Шилегов - 35,01

ДИК: Арсовска - 38,59 проценти, Шилегов - 35,01
Скопје, 18 октомври 2021 (МИА) - Од 20 проценти од обработените податоци за градоначалник на Град Скопје на веб страницата на Државната изборна комисија независната кандидатка, поддржана од ВМРО-ДПМНЕ Данела Арсовска има 38,59 проценти од гласовите, а кандидатот на СДСМ Петре Шилегов - 35,01 отсто. Потоа следи Перо Георгиевски од Левица со 8,41 процент, Арбен Шаќири од ЛДП/ДОМ - 3,69 проценти, Ана Петровска од Зелен хуман град - 3,63 проценти и Александар Тортевски од Твоја Партија - 1.01 процент. Излезноста е 48,88 проценти. За Совет на Скопје најмногу гласови има ВМРО-ДПМНЕ - 35,30 проценти, постоа СДСМ - 22,23 проценти, ДУИ -13,25, Левица - 8,11, АА/А - 5,61, Зелен хуман град - 3,37, ЛДП/ДОМ - 3,26, БЕСА - 1,29 отсто, а останатите се под еден процент. аа/са/  

Остани поврзан