• среда, 25 декември 2024

„Дизни“ може да ги изгуби правата за Мики Маус

„Дизни“ може да ги изгуби правата за Мики Маус

Лос Анџелес, 5 јули 2022 (МИА) - Компанијата „Дизни“ може да ги изгуби ексклузивните права над веќе легендарниот лик Мики Маус, бидејќи 95-годишните авторски права за ликот истекуваат во 2024 година.

Веселото глувче со пискав глас првпат се појави во 1928 година, па се претвори во своевиден заштитен симбол на компанијата и стана еден од најпрепознатливите цртани ликови на сите времиња. Инаку, Мики Маус првично беше заштитен со авторски права на 56 години. Во 1998 година, компанијата се избори за продолжување на правата, стекнувајќи ги на 95 години. Американскиот Закон за авторски права вели дека интелектуалната сопственост на уметничките дела истекува 95 години по првото објавување, што значи дека Мики ќе влезе во јавна сопственост во 2024 година. По истекот на авторските права, секој што сака да го користи ликот може без дозвола и без да плати за авторски права. Тоа значи дека цртаниот лик може да се појави и во приказни што не се на „Дизни“. Други познати ликови се веќе во јавен домен. Меѓу нив е и мечето Вини Пу, кој влезе во списокот бесплатни ликови откако во јануари му истекоа авторските права. Мечето сега „бесплатно“, и тоа како убиец, се појавува во хорор-филмот „Вини Пу: Крв и ужас“, напишан и режиран од Рис Вотерфилд.  си/сд/

Остани поврзан