• сабота, 23 ноември 2024

„Дизни“ го прекина прикажувањето филмови во Русија

„Дизни“ го прекина прикажувањето филмови во Русија
Лос Анџелес, 1 март 2022 (МИА) - Продукциската компанија „Волт Дизни“ вчера соопшти дека ги прекинува прикажувањето филмови во Русија, вклучително и претстојната анимација на „Пиксар“ - „Црвената панда“ (Turning Red). Како причина ја наведоа „неиспровоцираната инвазија на Украина и трагичната хуманитарна криза“. „Ќе носиме идни деловни одлуки врз основа на состојбата што е во развој. Во меѓувреме, со оглед на размерите на новонастанатата бегалска криза, работиме со нашите партнери од невладини организации за да обезбедиме здавствена и друга хуманитарна помош“, се вели во соопштението. Како што се наведува, „Дизни“ е првото големо холивудско студио кое ги прекина киноприкажувањата во Русија како одговор на инвазијата на Украина. Украинската филмска академија изминатиот викенд почна интернет-петиција со која повикува на меѓународен бојкот на руската филмска индустрија.  си/сд/

Остани поврзан