• среда, 25 декември 2024

ДИЖС донесе решенија за одземање на А-интегрираните еколошки дозволи од „ИГМ Џумајлија“ и „ДАБЛЈУ ЕКО“ од Желино

ДИЖС донесе решенија за одземање на А-интегрираните еколошки дозволи од „ИГМ Џумајлија“ и „ДАБЛЈУ ЕКО“ од Желино

Скопје, 31 август 2023 (МИА) - Државниот инспекторат за животна средина (ДИЖС) на својот официјален фејсбук профил објави дека се донесени решенија со кои на трговското друштво „ИГМ Џумајлија“ ДОО - село Сарамзалино, Лозово, како и на правниот субјект Друштво за собирање, складирање, управување и обработка на отпад, трговија и услуги „ДАБЛЈУ ЕКО“ ДООЕЛ - Скопје, Подружница Желино им се одземаат А-интегрираните еколошки дозволи. 

Според ДИЖС, на „ИГМ Џумајлија“ дозволата и е одзмена поради непостапување по условите и задолжувањата, односно поради невршење на активноста во обем и во време утврдено со дозволата. Трговското друштво е задолжено да ја го подмири долгот по основ на Годишен надоместок за поседување на А-интегрираната еколошка дозвола која ја добило на 31 мај 2019 година.

„ДАБЛЈУ ЕКО“ ДООЕЛ - Скопје, Подружница Желино, пак, како што информира ДИЖС, не ја ставила во функција инсталацијата за третман на пластика и отпад од пластика лоцирана во Желино од 20 јули 2022 година, кога ја добила А-интегрираната еколошка дозвола. Поради тоа, не се извшрени мерења на емисии во воздух, вода и бучава согласно пропишаната фреквенција во дозволата. мч/аа/

фото: МИА архива

 

 

Остани поврзан