• недела, 24 ноември 2024

Диета од шест оброка, колагенско кафе и десерт (видео)

Диета од шест оброка, колагенско кафе и десерт (видео)
Сиднеј, 30 јануари 2020 (МИА) - Лорен Симпсон, познат модел и фитнес-тренер од Сиднеј, Австралија, препорачува режим на исхрана кој се состои од шест оброка, колагенско кафе и десерт, секој ден. - Не ги бројам калориите, но сè уште внимавам што јадам. Сè ова, мојот просечен дневен внос е околу 1.800 - 1.900 калории, вели Лорен. Таа денот го почнува во 6:30 часот со колагенско кафе и преглед на тоа што има ново на Инстаграм. Појадокот ѝ се состои од, на пр., омлет или засладен кремаст протеински овес. Наредниот час - час и пол, додека да стигне до својата вежбалница, следува нешто од мешано овошје, пред да почне со вежбите... По вежбите следи ручекот, кој обично содржи просечна порција ориз со туна и пилешко, бескофеинско кафе и јаболко. Кога има напорна недела, тие денови практикува и оброк околу 16:00 часот, што се содржи од, на пр., житарици, туна и цвекло. Потоа, додека ги извршува  своите обврски пред компјутер до неа секогаш има грицки. Навечер може да си дозволи со нејзиното момче Марк да одат в ресторан, каде што нарачува нешто не посложено од пилешко-зеленчукова салата. Битно е да има многу зеленчук. Потоа, задолжително следи десертот - засладен мал леден јогурт. На овој начин, Лорен смета дека вносот на калории е еднаков на тоа колку трошиме, секако - ако водиме доволно активен и динамичен живот. Важно е да нема вишок калории. си/сд/ https://www.youtube.com/watch?v=CpXOrAIeKNc

Остани поврзан