• четврток, 19 декември 2024

Диего Кошта мета на лондонски клуб

Диего Кошта мета на лондонски клуб
Лондон, 19 октомври 2020 (МИА) - Диего Кошта, напаѓачот на Атлетик Мадрид, би можел да се врати во Лондон, каде остана три години. Кошта го носеше дресот на Челси од 2014 до 2017 година, но овој пат тој не е мета на „сините“, туку на нивниот градски ривал, тимот на Тотенхем. Проблем за Атлетико е високата плата на шпанскиот репрезентативец, десет милиони евра годишно, па се верува дека под притисок на финансиската криза, управата на „јорганџиите“ ќе се согласат да го продадат во случај на силна понуда. „Дон Балон“ пренесува дека Тотенхем, предводен од Жозе Мурињо на клупата, е многу заинтересиран. Португалецот и Кошта беа заедно на „Стемфорд Бриџ“ во 2014 и 2015 година, а одличниот напаѓач се врати во редовите на Атлетико во 2018 година. Кошта е обврзан со договор со тимот од Мадрид до 2021 година. Исто така, шпанските медиуми пренесуваат дека тој нема да биде во тимот од натпреварот од првото коло во групната фаза од Лигата на шампионите со бранителот на трофејот, тимот на Баерн.

Тагови

Остани поврзан