• среда, 25 декември 2024

Диди потплатил сведок, најдени лични белешки

Диди потплатил сведок, најдени лични белешки

Њујорк, 19 ноември 2024 (МИА) - Докази се пронајдени во затворската ќелија на Шон „Диди“ Комбс, што укажуваат дека тој влијаел на сведок во неговиот судски случај во Њујорк за сексуална злоупотреба и другите тужби. Се вели и дека американскиот рапер се обидува да уценува други.

Тие велат дека тој се обидел да контактира со надворешни лица со пристап до телефоните на другите затвореници и тн. тринасочни повици. Според федералните обвинители, новособраните докази „укажуваат на јасен заклучок дека целта на обвинетиот е да ги уценува жртвите и сведоците“, за тие да молчат или да сведочат во корист за неговата одбрана.

Адвокатите на музичкиот моќник, пак, тврдат дека она што истражителите го заплениле во затворот во Бруклин е „материјал доверлив во односот адвокат - клиент“, вклучително и рачно напишаните белешки од Диди.

Обвинителството, исто така, тврди оти Диди користел комуникациска услуга за брзи повици, со цел да стигне до неовластени лица. За повикот со „Сведок-2“ и личните белешки на раперот, наводите говорат дека „обвинетиот ѝ платил на ’Сведокот-2’, откако таа ја објавила својата изјава“, тврдат обвинителите.  си/сд/

Фото: МИА архива

Остани поврзан