• четврток, 26 декември 2024

Дигитална агенда за граѓаните - Дигитализација и дигитална трансформација за поефикасна администрација

Дигитална агенда за граѓаните - Дигитализација и дигитална трансформација за поефикасна администрација
Скопје, 28 јуни 2022 (МИА) - Во рамки на проектот „Зголемување на граѓанското учество во Дигиталната агенда – ICEDA”, кофинансиран од Европската Унија и се спроведува во шест држави (Северна Македонија, Србија, Косово, Црна Гора, Албанија и Естонија), Фондација Метаморфозис денеска организира Дијалози за Дигитална агенда: Дигитална агенда за граѓаните - Дигитализација и дигитална трансформација за поефикасна администрација. Како што е најавено, ќе биде претставено последното истражување спроведено во рамки на Опсерваторија на Дигиталната агенда во Северна Македонија, кое Фондација Метаморфозис го спроведе во рамки на проектот, и истото ќе послужи за развивање на дискусија за можностите и идните чекори за поефикасна дигитализација и дигитална трансформација со граѓаните во центар. Како говорници на настанот се очекува да учествуваат: Славица Грковска, заменичка на претседателот на Владата задолженa за политики за добро владеење, проф. д-р. Боро Јакимовски, декан на Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство, д-р Ирена Бојаџиевска, доцент на Универзитет Американски колеџ во Скопје, д-р Наталија Шикова, вонреден професор на Правниот факултет на Меѓународниот Балкански Универзитет, проф. Д-р. Катерина Колозова, Институтот за општествени и хуманистички науки – Скопје, Искра Белчева Ристовска, програмски координатор во Центар за управување со промени, Теофил Блажевски, уредник-новинар во Вистиномер и проф. д-р Лазар Нанев, Претседател на Основен Суд Кавадарци. цр/ев/

Остани поврзан