• четврток, 26 декември 2024

Дивите костени како средство во домаќинството и козметиката

Дивите костени како средство во домаќинството и козметиката

Софија, 28 октомври 2022 (МИА) - Обичниот див костен е многу популарен за одгледување во паркови и градини во градовите. Но, пчеларите го садат и како плодородно дрво, бидејќи пчелите собираат нектар од неговите цветови.

Најважно - дивиот костен не се јаде. Но, помага при респираторни проблеми, оти тој е антиинфламаторно средство и како таков се користи во медицината и фармацијата. Неговите придобивки и употреба се многубројни и разновидни. Како што пишува бугарскиот портал „24 часа“, има луѓе кои ги собираат костените на улица „за среќа или пари“, или пак, за  да се ослободат од негативната енергија... Други, пак, ги користат за да ги одвратат молците. Рецептот е лесен. Само неколку треба да се стават во гардеробата, шкаф или комода. Се менуваат со нови секој месец. Може да се стават и околу прозорците за да ги изгонат пајаците. Дивите костени може да се вклучат и во домашната козметика. Корисни се за кожата бидејќи ја негуваат и подмладуваат. Пулпата од костен има силно затегнувачко дејство. Присуството на големо количество танин и калиум го регулира лачењето маснотии и делува опуштачки на мускулите на лицето. Затоа, пулпата може безбедно и удобно да се користи за правење маски за лице. За тоа, прво треба да се сварат неколку костени, се лупат и се блендираат. Во добиената смеса се додава лажичка мед и лажичка сок од лимон. Оваа комбинација ќе помогне да се отстранат пигментните дамки и лузни од мозолчиња и акни. Добиената еднолична смеса се нанесува на лицето и се остава да делува 15 - 20 минути. Тоа потоа се отстранува со топла вода. Се препорачува оваа постапка да се повторува двапати во седмицата.  си/сд/

Остани поврзан