• среда, 25 декември 2024

Дибрани, пратеник во шведскиот Парламент, е човекот кој го спаси бебето извадено од реката  Морача

Дибрани, пратеник во шведскиот Парламент, е човекот кој го спаси бебето извадено од реката  Морача

Тирана, 21 март 2023 (МИА) - Аднан Дибрани, е херојот на Црна Гора, откако дал прва помош за цедење на водата од белите дробови на бебето извадено од реката Морача, јави тиранската Топ чанел.

Црногорската јавност и денеска е вознемирена по вчерашната вест дека баба со своето внуче скокнала во реката Морача. Жената (62) се удавила, а бебето било извлечено од водата од група граѓани.  Детето било без свест, а албанскиот пратеник во шведскиот парламент Аднан Дибрани, кој случајно се нашол на самото место, успеал да ја истисне водата од белите дробови на момчето и да го врати во живот.Дибрани е пратеник во парламентот на Шведска, а во Црна Гора престојувал како дел од набљудувачката мисија на Парламентарното собрание на Советот на Европа што го следела денот на претседателските  изборите.Преку скајп врска за телевизијата  вели дека се нашол случајно на улица кога го видел бебето кое имало вода во белите дробови.Тој ги раскажува драматичните моменти кога секунди биле во прашање за бебето да преживее. - Им го зедов бебето и се обидов да го направам тоа што го знам, најдобро што можам. Го стиснав бебето преку стомакот и грбот, ја исцедив водата од неговите бели дробови. Не знам што направив, не знам како, но детето беше спасено. Кога водата излезе од органите, тогаш ги отвори очите. Потоа веднаш и го предадов на  Брза помош. За нас тоа изгледаше како цел живот, а беа минути кога ја видов таажена...во  еден миг видовме што се случува, но не бевме свесни дали има бебе или кукла кога се фрли во реката, рече пратеникот за Топ чанел.Додава дека  кога почнало да плаче сакал само да му даде кислород и оти  во тој момент освен среќа што бебето е живо на ништо друго не помислил.-Разговарав  со претставници владата во Црна Гора, со првиот човек на парламентот, ми кажаа како стојат работите, се уште не сум комуницирал со родителите. Момченцето е два месеца старо, се надеваат дека не се повредил и дека се ќе биде добро. Знам како им е на неговите родители зашто и самиот сум родител. Жалам за неговата баба, изјави Дибрани.Аднан Дибрани по потекло е од Косовска  Митровица,  а во Шведска имигрирал  во 1992 година. Тој е пратеник во шведскиот парламент од редовите на социјалдемократите. вт/ссм/

Остани поврзан