• среда, 25 декември 2024

Дибала поради Рома одби договор вреден 75 милиони евра

Дибала поради Рома одби договор вреден 75 милиони евра

Рим, 24 август 2024 (МИА) - Стана позната сумата на договорот што ја одби аргентинскиот напаѓач на Рома, Пауло Дибала.

Ал Кадисија на 30-годишниот фудбалер му понудил четиригодишен договор вреден 75 милиони евра ова лето. Сепак, Пауло во последен момент се предомислил за потпишување договор со саудискиот клуб, решавајќи да остане верен на клубот и верните навивачи.

- Изборот на Дибала е реткост во модерниот фудбалски свет. Тоа беше многу емотивна ситуација, полна со подеми и падови. Сега навивачите треба да се гордеат со него. Очекувам утре „Олимпико“ да му приреди посебно добредојде, изјави тренерот на Рома, Даниеле Де Роси.

Минатата сезона Дибала забележа 39 настапи за Рома во сите натпреварувања, постигнувајќи 16 гола и 10 асистенции. Договорот на Аргентинецот со клубот е до летото 2025 година. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан