• сабота, 23 ноември 2024

Диаб: Ќе платат одговорните за експлозијата

Диаб: Ќе платат одговорните за експлозијата
Бејрут, 4 август 2020 (МИА) - Премиерот на Либан, Хасан Диаб вечерва изјави дека одговорните за големата експлозија во опасниот магацин во бејрутското пристаниште, ќе ја платат цената за тоа. - Ветувам дека ова катастрофа нема да помине без одговорност... Одговорните ќе ја платат цената, исткна Диаб. Тој додаде дека магацинот се наоѓа во пристаништето од 2014 година, но оти нема да зборува за тоа, бидејќи истрагата за причините за експлозијата се во тек. Претходно, Либанскиот министер за здравство Хасан Хамад изјави дека во експлозијата загинале најмалку 30 лица, а околу 3.000 се повредени во експлозијата што се случи во бејрутското пристаниште, во близина на центарот на Бејрут. Се стравува дека бројот на жртви ќе биде поголем, бидејќи многу луѓе се заглавени под урнатините. Во меѓувреме, израелските министри за одбрана и за надворешни работи, Бени Ганц и Габи Ашкенази изјавија дека Израел преку меѓународни безбедносни и дипломатски канали и понуди медицинска и хуманитарна помош на либанската Влада. Претходно, шефот на француската дипломатијата Жан-Ив ле Дријан на Твитер напиша дека „Франција секогаш е на страната на Либан и на либанскиот народ“. Тој истакна дека Франција е подготвена да пружи помош во зависност од потребите на либанските власти. Исто така и Грција и Кипар понудија помош доколку е потребно и изразија жалење и сочувство до Владата на Либан. Министерството за надворешни работи на Грција соопшти дека земјата „е подготвена да им помогне на либанските власти со сите средства што ги има на располагање“, додека пак претседателот на Кипар Никос Анастасиадис преку официјалниот Твитер профил изрази подготвеност за било каква неопходна помош. И иранскиот министер за надворешни работи Мохамад Џавад Зариф понуди помош за Либан. - Нашите мисли и молитви се со големиот и силен народ на Либан, напиша Зариф на Твитер, додавајќи оти Иран „како и секогаш во целост е подготвен да ја пружи целата неопходната помош“. ми/

Остани поврзан