• среда, 25 декември 2024

Диаб: Транспарентно се справив со експлозијата во пристаништето во Бејрут

Диаб: Транспарентно се справив со експлозијата во пристаништето во Бејрут
Бејрут, 10 декември 2020 (МИА) - Либанскиот премиер Хасан Диаб денеска изјави дека неговата совест е чиста во случајот со експлозијата во Бејрут на 4 август, откако судијата што ја истражува експлозијата го обвини за небрежност. Диаб рече дека е уверен дека транспарентно се справил со досието за експлозијата во пристаништето во Бејрут, додавајќи дека е изненаден што бил мета на истражен судија. Либанскиот истражен судија претходно ги обвини привремениот премиер Хасан Диаб и тројца поранешни министри за небрежност во експлозијата во пристаништето во Бејрут, во која загинаа 200 лица во август. паг/

Остани поврзан