• петок, 27 декември 2024

ДЗС: Околу 65 илјади лица лани биле корисници на социјална заштита

ДЗС: Околу 65 илјади лица лани биле корисници на социјална заштита
Скопје, 21 јуни 2021 (МИА) - Според податоците на Државниот завод за статистика, во 2020 година, вкупниот број на малолетни корисници на социјална заштита изнесувал 16 262 лица, додека вкупниот број на полнолетни корисници на социјална заштита - 49 263 лица. Од вкупните права на социјална заштита кај малолетните корисници, најголемо учество имале услугите на социјална работа кои изнесуваа 52.3 проценти, додека од вкупните права на социјална заштита кај полнолетните корисници, најголемо учество имале услугите за социјална заштита кои изнесувале 87.4 проценти. Во 2020 година, 32 345 носители на домаќинства (број на домаќинства) биле корисници на социјална парична помош. сст/дма/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан