• понеделник, 28 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

ДЗС од 7 април со нова редизајнирана веб-страница

ДЗС од 7 април со нова редизајнирана веб-страница

Скопје, 3 април 2025 (МИА) - Државниот завод за статистика соопшти дека од 7 април ќе почне да функционира новата, редизајнирана веб-страница. Новиот дизајн на веб-страницата има за цел да ја подобри достапноста на статистичките податоци и да овозможи поедноставен и побрз пристап до најновите информации, информираат од ДЗС.

Со модернизирана навигација и појасно организирани содржини, наведуваат од ДЗС, посетителите ќе можат полесно да пребаруваат и да преземаат податоци од различни области, како што се демографијата, економијата, пазарот на трудот, животниот стандард, надворешната трговија, индустријата, образованието, животната средина и други.

-Редизајнираната веб-страница е дел од напорите на Државниот завод за статистика да обезбеди поголема транспарентност и да ја поедностави достапноста на статистичките податоци, што ќе биде од полза за институциите, бизнис-секторот и јавноста во целост. Веб-страницата е достапна на македонски, англиски и албански јазик и се очекува да овозможи побрза и поефикасна комуникација со сите заинтересирани корисници, велат од Државниот завод за статистика.

Од ДЗС исто така информираат дека започнуваат процес на ребрендирање на институцијата, со ново лого и нов url.

-Овие промени се дел од нашите напори да ја унапредиме видливоста на Заводот и да ја подобриме комуникацијата со јавноста и со корисниците на официјалните статистички податоци, се вели во денешното соопштение од ДЗС.

Државниот завод за статистика, нагласуваат, и натаму ќе продолжи да обезбедува официјални, точни, навремени и висококвалитетни статистички податоци, усогласени со европските и светските стандарди, што ќе придонесат за развојот на различни политики и стратегии. дма/

Фото: МИА архива

Остани поврзан