• четврток, 26 декември 2024

ДЗС: Направена е техничка грешка во Пописот при внесувањето на податоците за религиозната припадност

ДЗС: Направена е техничка грешка во Пописот при внесувањето на податоците за религиозната припадност
Скопје, 4 април 2022 (МИА) - Државниот завод за статистика на својата веб-страница соопшти дека е направена техничка грешка во Пописот при внесувањето на податоците за религиозната припадност на граѓаните. -Во соопштението Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија, 2021 – прв сет на податоци, објавено на 30 март 2022 година, во Табела 9 – Вкупно резидентно население во Република Северна Македонија според изјаснувањето за религиската припадност, по пол – Попис 2021, направена е техничка грешка со тоа што во редовите „Не е верник (атеист)“ и „Евангелско протестантски христијани“ е направена пермутација на податоците, соопштија од ДЗС. Од тие причини, како што посочуваат, е направена корекција во табелата, а воедно сите појави под 500 не се прикажани во табелата поради ограничениот простор. -Се извинуваме за направената грешка, соопштија од Државниот Завод за Статистика. бт/ац/

Остани поврзан