• четврток, 26 декември 2024

ДЗС: Досега попишани 1.813.153 лица во земјава и 203.144 од дијаспората

ДЗС: Досега попишани 1.813.153 лица во земјава и 203.144 од дијаспората
Скопје, 30 септември 2021 (МИА) - Заклучно до вчера во земјава се попишани вкупно 1.813.153 лица, 562.110 домаќинства и 822.575 станови, соопшти Државниот завод за статистика. Можноста за самопопишување на лица во странство, пак, досега ја искористиле – 203.144 граѓани од дијаспората. Најмногу попишани граѓани од странство има во Швајцарција - 64.806, Германија - 46.161 и Италија - 28.265. Денеска е последниот, 26-ти ден од Пописот 2021. Освен во своите домови, граѓаните можат да се попишат и на одредени пунктови во нивните општини, што ги отвори Државниот завод за статистика. Локациите за попишување се достапни на линкот на ДЗС: https://popis2021.stat.gov.mk/Upatstva/SpisokNaKPRzaPopisuvanje.pdf Пописот на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија, кој официјално започна на 5 септември ќе трае до денеска. аа/ац/

Тагови

Остани поврзан