• недела, 24 ноември 2024

ДЗС: Во 2020 година покриеноста на увозот со извоз 76,1 отсто

ДЗС: Во 2020 година покриеноста на увозот со извоз 76,1 отсто
Скопје, 28 април 2022 (МИА) – Во 2020 година од земјава вкупно се извезени стоки во вредност од 356,547 милијарди денари или 5,781 милијарди евра што претставува намалување за 9,9 отсто во споредба со претходната година. Во истиот период се увезени стоки во вредност од 468,688 милијарди денари, односно 7,599 милијарди евра што е пад од 9,7 отсто во споредба со 2019 година. Според дефинитивните податоци на Државниот завод за статистика (ДЗС), трговскиот дефицит во 2020 година е 112,141 милијарди денари или 1,818 милијарди евра, а покриеноста на увозот со извоз изнесува 76,1 отсто. Најголемо учеството во извозот во 2020 година имаат катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, деловите на седишта од подгрупата 821.1 и фероникелот. Во увозот најмногу се застапени платината и легурите на платина, необработени или во прав, нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), плоснатоваланите производи од железо или нелегиран челик, неплатинирани или необложени и другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав. Во 2020 година земјава најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Србија, Кина и Грција.вј/дма/

Остани поврзан