• сабота, 28 декември 2024

ДЗР: Секторот за ресоцијализација при КПУ „Затвор Скопје“ не е доволно екипиран и нема лице за проверка на квалитетот на храната

ДЗР: Секторот за ресоцијализација при КПУ „Затвор Скопје“ не е доволно екипиран и нема лице за проверка на квалитетот на храната
Скопје, 7 јули 2022 (МИА) - Секторот за ресоцијализација при КПУ „Затвор Скопје“ не е доволно екипиран со што се доведува во прашање процесот на успешна ресоцијализација на осудените лица, а нема ниту определено лице за проверување на квалитетот на храната пред доделување на оброците, покажува ревизорскиот извештај на Државниот завод за ревизија на КПУ „Затвор Скопје“ Скопје за 2020 година. Ревизорите, исто така, утврдиле дека не е воспоставена сметководствена евиденција за материјалните средства со кои располага установата. Клучни препораки на Државниот завод за ревизија се дека е неопходно соодветно екипирање на Секторот за ресоцијализација, како и одговорното лице да преземе мерки дека лицата кои се назначени да вршат проверка на храната да постапуваат согласно задолженијата. Државниот завод за ревизија издава неповолно мислење во однос на вистинитоста и објективноста на финансиските извештаи и мислење со резерва за усогласеноста на финансиските трансакции за сметката на основниот буџет за 2020 година на КПУ „Затвор Скопје“ Скопје. Во однос на сметката на буџетот од самофинансирачки активности за 2020 година на КПУ „Затвор Скопје“ Скопје, ДЗР изразува мислење без резерва во однос на објективноста на финансиските извештаи и за усогласеноста на финансиските трансакции со релевантната законска регулатива. аа/дма/   Фото: МИА архива  

Остани поврзан