• сабота, 23 ноември 2024

Де Јонг: Среќен сум во Барселона, секогаш сонував да играм овде

Де Јонг: Среќен сум во Барселона, секогаш сонував да играм овде

Барселона, 2 јануари 2024 (МИА) - Играчот од средниот ред на Барселона, Френки де Јонг изјави дека нема намера да го напушти каталонскиот клуб.

- Јас сум во клубот за кој отсекогаш сум сонувал. Многу сум среќен во Барселона. Во моментов сум среќен овде. Можам да се подобрам, сè уште не сум на нивото на кое сакам да бидам. Имаме талентиран тим, но не сме доволно стабилни. Не ги знам точните причини за ова, изјави Де Јонг за „NOS“.

Фудбалерот од средниот ред исто така истакна дека важноста на играчот често се одредува според постигнати голови и асистенции, но на неговата позиција тоа не е така.

Дваесет и шестгодишниот Де Јонг за Барселона настапува од 2019 година. Неговиот договор со клубот е до летото 2026 година. 

Во тековната сезона Де Јонг одигра 12 натпревари во сите натпреварувања и постигна еден гол. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан